Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром
Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ утре и задутре ќе реализира акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата утре ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Граѓаните кои имаат кабаст отпад од 7 до 9:30 часот ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради.
Општина Аеродром информира дека граѓаните треба да внимаваат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.
В сабота акцијата ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански во истиот временски период, од 7 до 9:30 часот.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички