Македонија
17. February 2017 - 8:18

Акција за собирање кабаст отпад во Чаир

Општина Чаир и ЈП „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе спроведат акција за собирање и отстранување стари апарати од бела техника, телевизори, мебел,... ЈП Комунална хигиена ќе го собере кабастиот отпад без материјален надомест, а одлагање на друг отпад не е дозволено.

Домаќинствата кабастиот отпад наменет за фрлање треба да го остават пред влезот на куќите и дворовите или во непосредна близина на станбените згради во периодот од 7 до 9:30 часот. Отпадот не смее да го попречува движењето на возилата и пешаците. 

Кабастиот отпад денеска ќе се собира во населбите Тенеќе Маало, Топанско Поле, Стар Чаир I, Стар Чаир II и Дижонска, а утре во Гази Баба, Серава, Стара Топана, Саат Кула, Бит Пазар и Дуќанџик.