Македонија
23. December 2016 - 13:53

Акција за расчистување на диви депонии во Скопје

Градот Скопје во тридневна вонредна акција ги расчистуваше дивите депонии, парковското зеленило, наносите на песок, земја и лисја,  сливниците и ги метеа улиците  во  општината Гази Баба.

Акцијата ја спроведоа екипи на јавните претпријатија на Градот, односно вработени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Паркови и зеленило“.

Акцијата вчера и денеска се реализира во Чаир, а од 26 до 28 декември ќе се спроведе во Општина Центар.