Акција за подводно чистење на Дојранското езеро
Дваесет нуркачи од повеќе градови од земјава, во организација на Македонско-Хрватското друштво и еколошко нуркачкиот клуб „Пена“, викендов подводно го чистеа Дојранското езеро од пластичен и друг вид отпад во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадување на водата“.
Организаторите велат дека основна цел на проектот била да да се подигне свеста за екологијата и чување на природните богатсва во земјава како извор на здрава животна средина, а специфичната цел е подводно чистење од отпад и особено од рибарски мрежи во кои рибите угинуваат.
Имплементацијата на проектот почнала уште на 21 март и досега биле реализирани акции за чистење на реката „Пена“ месноста „Бањиче“ и езерото „Матка“ и дека до крај ќе се реализираат уште две акции за подводно чистење на езерото „Младост“ во Велес и на Мавровско езеро.
Проектот е финансиски помогнат од програмата на Цивика мобилитас за поддршка на граѓанското општество.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати