Македонија
20. November 2021 - 8:19

Акција за чистење на училишните дворови во осумте основни училишта во Општина Центар

Во осумте општински основни училишта во Општина Центар денеска ќе се спроведе акција за чистење на училишните дворови.

Како што информираат од Општина Центар, акцијата ќе започне од 10 часот, а градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе даде изјава за медиумите во 10:30 часот во ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало.