Акција за чистење на плажите на Дебарско Езеро
Околу 1.000 вреќи со пластичен и друг тврд отпад беа собрани во акцијата за чистење на плажите на брегот на Дебарско Езеро. Отпадот е транспортиран до градската депонија.
Организатори на акцијата се дебарскиот Центар за одржлив развој на заедницата. Вакви акции, како што информираат координаторите на Центарот Гоце Љубиновски и Шуип Марку се организраат веќе десетта година во соработка со други субјекти, пред официјалниот почеток на летната сезона.
- Дебарското Езеро и неговата околина, дебрани секојдневно ги ползуваат за одмор и рекреација. Голем е бројот и на случајните и намерни патници кои остануваат воодушевени од убавината на овој дел од градот, но за жал има многу нафрлан отпад кој останува на брегот со намалувањето на нивото на езерската вода, отпад кој го носи ветерот, но и несовесните граѓани. Ова е најмалку што можеме да направме за оваа убавина која ретко кој ја има, рече Љубиновски, апелирајќи до граѓаните кои ќе престојуваат на плажите да бидат повнимателни.
Акцијата, додава Марку, е спроведена во соработка со „Slice piza Macedonia“ од Дебар, а во неа активно беа вклучени и членови на Спортското риболовно друштво „Трофта“, граѓанската организација „Долар за Дебар“, како и Јавното комунално претпријатие „Стандард“.
На брегот на езерото во летнот период дневно се релаксираат и до 2.000 капачи и спортски риболовци.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот