Акција за чистење на коритото на Маркова Река
Акција за чистење на коритото на Маркова Река спроведува општина Кисела Вода. Преку секторот за месна самоуправа, ангажирани се два тима на сезонски работници кои во текот на вчерашниот и денешниот ден, интензивно работат на отстранување на гранки, тиња и песок, како превенција од нивно поголемо таложење, што би довело до намалување на пропусната моќ на реката и нејзино излевање во случај на обилни дождови, соопшти општина Кисела Вода.
Се работи во месните заедници Пинтија и населба Драчево, каде на сезонските работници им помагаат и жителите на овие две урбани и месни заедници, чии домови се наоѓаат во близина на Маркова Река.
Акцијата за чистење на Маркова Река ќе трае до конечното расчистување на нејзиното корито и се спроведува по вторпат годинава. Неодамна, општина Кисела Вода спроведе редовно превентивно чистење и на каналот за отпадни води во месноста „Потстаница” (Црниот канал), како и на реката „Мала Рада” во селото Драчево.
Од општина Кисела Вода апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинува дека опозицијата на партиски состаноци ја политизира трагедијата во Кочани
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ