Акција за бесплатно мерење шеќер во крв на Здружението на дијабетичари од Тетово
Здружението на дијабетичари од Тетово денеска организираше акција за бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта во пресрет на одбележувањето на 14 ноември, Светски ден за борба против дијабетесот.
Акцијата се одржа во просториите од Здружението на пензионерите во градот.
Претседателот на тетовското Здружение на дијабетичари, Душко Игневски, изјави дека според последните статистички податоци, на ниво на Македонија има околу 185.000 лица заболени од дијабетес од кои 38.000 се на секојдневна инсулинска терапија.
- На ниво на Тетово и тетовско околу 3.000 лица примаат инсулин додека уште околу 12.000 лица земаат таблети за справување со повисокото ниво на шеќерот во крвта. Загрижувачки податок е тоа што секојдневно во нашето Здружение имаме еден до двајца новозаболени. Ова ширење на дијабетесот не е присутно само во Тетово туку слични податоци има и на ниво на државата, па и на светско ниво особено во земјите во транзиција, рече Игневски.
Ново на Сител
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека
-
Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, 9 останаа без лиценца
-
Дваесетина од повредените во пожарот во Кочани ќе бидат една до две години на рехабилитација
-
СДСМ бара оставка од Таравари за случајот со пациентот кој почина на државната кардиохирургија