Акција во Сараево за префрлање на мигрантите од јавни простори во прифатни центри
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево во соработка со Службата за работи со странци на подрачјето на Сараево вечерва спроведуваат голема акција за лоцирање на мигрантите, нивно евидентирање и превезување до соодветни сместувачки капацитети.
Акцијата почна пред железничката и автобуската станица од каде мигрантите беа префрлени во прифатните центри.
– Приливот на мигранти е неконтролиран и нивниот престој на отворено, на јавни простори, но и во импровизирани сместувачки капацитети кои не се предвидени за таква намена може да влијае на безбедносната состојба во Кантонот Сараево, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Сувада Кулдија.
Сите мигранти ќе бидат евидентирани, фотографирани, а ќе им бидат земени и биометриски податоци.
Полициските активности ќе продолжат со детална проверка на улиците, парковите, трговските центри и други јавни простори и напуштени објекти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје