Акција на грчката полиција во универзитетскиот кампус во Атина, приведени три лица
Палки, празни пивски шишиња што се користат за молотови коктели, шок бомби, солзавец, меѓу другото, пронашла грчката полиција во универзитетскиот кампус во Атина за време на денешната акција и биле приведени три лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на ноќта во неделата и во четвртокот во атинската населба Зографу, во непосредна близина на кампусот беа запалени паркирани возила, но имаше и инциденти меѓу непознати лица и полицијата, а постоеја сомнежи дека сторителите излегле токму од студентските домови.
Акцијата на полицијата, со цел сузбивање на криминалот и деликвенцијата, беше спроведена во раните утрински часови во внатрешноста на кампусот каде што беа уапсени двајца грчки и еден странски државјанин.
При проверката на студентските домови, како што соопштија од полицијата, биле пронајдени и одземени: 27 празни пивски шишиња, 11 палки, четири шок бомби, два солзавци, пет шлемови, гас маска, маски за лице од типот „full face“, лаптоп, камера, запалено грчко знаме, ракавици, како и голем број рачно напишани белешки со анархистичка содржина.
-Специјалните оперативни акции на грчката полиција ќе продолжат со несмален интензитет со цел зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од полицијата.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште