-->
-->
Ајдари избран за уставен судија, Солев и Илиевски за членови на Советот на ЈО
-->
Собранието на Република Македонија денеска го избра Насер Ајдари, дипломиран правник и државен правобранител, за нов судија во Уставниот суд на Република Македонија.
За изборот на Ајдари немаше расправа на собраниската седница. За предлогот гласаа 62 пратеници, немаше ниту, воздржани ниту против.
За изборот на уставниот судија гласаа и присутните пратеници од помалите етнички заедници. Притоа гласаа 22-ца и сите беа за изборот на Ајдари за уставен судија.
По изборот Ајдари даде свечена заклетва пред македонското Собрание.
Собранието на денешната 35. седница ги избра и Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат за членови на Советот на јавни обвинители.
На седницата не се присутни пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР