АХВ: Во ниту една торта од пријавената слаткарница не е најден стиропор

Во ниту една торта од пријавената скопска слаткарница не е најден стиропор, соопшти попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по извршените инспекциски контроли.
Според АХВ, инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не нашле какви било отстапувања. Не е утврдено присуство на стиропор, ниту во тортите, ниту во фигурите.
- По извршениот инспекциски надзор, постапувајќи по претставка од граѓанин со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор, АХВ во моментот на надзорот не констатира отстапувања во поглед на безбедносните критериуми. Во ниту една торта не е најден стиропор кој се користел како репроматеријал во производството на торти, наведува АХВ.
Како што информира Агенцијата, констатирано е дека при производството, во дел од тортите се користени чепкалки и дрвени стапчиња за прицврстување на фигурите.
- Станува збор за материјали кои доаѓаат во контакт со храна за кои се доставени на увид и валидни мислења за материјали кои доаѓаат во контакт со храна, издадени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Производителот на торти каде е спроведена контролата има обезбедено и соодветно означување на пакувањето на готовите производите со посебна нотификација „Фигурите на тортите не се за јадење“, нагласува АХВ.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
