АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце,минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ-млеко, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.
Како што информира АХВ, небезбедните количини млеко, кои биле наменети за пласман во синџир-маркети во земјата, минатата недела под надзор на официјален ветеринар нештетно се уништени на депонијата „Дрисла“.
- Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ-млеко се земени во рамките на мониторинг-програмата, која инспекциските служби на АХВ на граничниот премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло, кои се увезуваат во земјата. На 17 јули годинава Агенцијата донесе и решение за воведување посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи што содржат згуснато млеко и млеко во прав, со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите - наведува АХВ.
МИА
Ново на Сител
-

Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ
-

Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година
-

70 случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени
-

Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар | ВИДЕО
-

Руски балистички ракети врз Киев, две лица загинати, три повредени
-

Малолетник под 14 години го запалил македонското знаме и го објавил видеото на ТикТок
-

Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
-

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
