АХВ: Континуирано се контролира храната за мигрантите

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вршат континуирани контроли на безбедноста на храната која како хуманитарна помош им се дели на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија, независно дали станува збор за храна од домашно производство или од увоз.
Како што соопшти АХВ, нема застој во дистибуцијата на хуманитарната помош во храна која доаѓа од увоз, за која како и за секоја друга пратка се вршат контроли од аспект на исполнување на општите и посебните критериуми за безбедност на храната. За хуманитарната помош во храна не се плаќаат административни и други такси кои се однесуваат на комерцијалниот увоз на храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана, секојдневна комуникација и координација со Центарот за управување со кризи и ресорните министерства за здравство, за внатрешни и надворешни работи, со Царинската управа и другите надлежни институции, како и со невладините организации вклучени во давање помош и делење на хуманитарна помош во храна за мигрантите. Тие, со одобрение на АХВ, имаат регистрирано собирен центар за хуманитарна помош во храна, каде, под надзор и со контрола од овластен инспектор се врши собирање, селектирање и дистрибуција на хуманитарната помош.
- Само овластени лица од овие невладини организации имаат пристап до собирниот центар, и истите од страна на инспекциските служби, се едуцирани за тоа какви производи да собираат и на кој начин да ги дистрибуираат до мигрантите, од аспект на исполнување на безбедносните критериуми за храната, нагласува Агенцијата.
Хуманитарната помош во храна по извршената инспекциска контрола се дистрибуира до прифатните центри каде што се сместени мигрантите.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
