АХВ ги демантира наводите за нехигиена во средношколскиот интернат “Здравко Цветковски”

Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) ги демантира изнесените наводи објавени во неколку интернет портали дека учениците сместени во средношколскиот интернат „Здравко Цветковски” во Скопје, се хранат со оброци во кои има бубашваби.
И при последената инспекциски контрола спроведена на 19.11. 2025 година врз основа на посднесена иницијатива од граѓанин за спроведување на вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недослдности, односно во кујната на интернатот хигиенско – санитарна состојба во објектот била добр и не биле затекнати инссекти во објектот како што било наведено во иницијативата.
Со надзорот спроведен овој месец, утврдено е и дека вработените имаат уредни санитарни книшки и соодветно се спроведени мерки за дератизација, дезинцекција и дезинфекција. Оператотот со храна води уредни записи за слеливост на храната, соодветно чува контролни оброци и самоиницијативно врши лабораториски анализи за микробиолошко тестирање на храна, работни површини и опрема за работа со кои пред инспекциските служби ја потврдува безбедноста.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
