АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби втората награда за Управување со квалитет во јавниот сектор која денес, под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“.
Титулатата прворангирана институција ја доби Министерството за дигитална трансформација. На настанот беше истакната важноста на професионалната, ефикасна и транспарентна јавна администрација, како клучен столб во процесот на европска интеграција и во обезбедувањето на квалитетни услуги за граѓаните и бизнисот.
- Денешното одбележување на Денот на јавната администрација, беше можност да се потврди дека реформите, професионалноста и посветената работа носат видливи резултати. Особена чест и задоволство ми претставува што Агенцијата за храна и ветеринарство е добитник на втората награда Управување со квалитет во јавниот сектор. Ова признание е потврда дека континуираното вложување во подобрување на институционалните капацитети, унапредувањето на работните процеси и примената на највисоките професионални стандарди создаваат јавна администрација која работи во интерес на граѓаните - вели Миланов.
Наградата, рече Миланв, им припаѓа на сите вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство, нивната стручност, посветеност и одговорност во секојдневното извршување на задачите. “Благодарение на нивната работа, Агенцијата останува сигурен чувар на безбедноста на храната, здравјето и благосостојбата на животните и доверлив партнер на граѓаните, стопанството и институциите. Нашата визија е јасна – модерна, ефикасна и транспарентна институција која работи според европските стандарди, со интегритет и мерливи резултати. Ќе продолжиме да инвестираме во квалитет, дигитализација, професионален развој и унапредување на услугите, затоа што довербата на граѓаните се гради со одговорна работа и конкретни резултати - потенцира Миланов.
Тој им се заблагодари на сите колеги, соработници и институционални партнери за нивниот придонес во овој за АХВ заеднички успех.
- Признаниети е мотив да продолжиме уште поодлучно на патот кон современа јавна администрација и повисок квалитет на услугите што ги обезбедуваме. Довербата се заслужува, интегритетот се живее, а резултатите се најсилната потврда на нашата посветеност - истакнува тој.
На настанот се обратија Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, Министерот за јавна администрација Горан Минчев, шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин и претставници на институции од областа на јавната администрација од регионов и Европа.
Агенција за храна и ветеринарство
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
