Македонија
8. January 2016 - 8:17

Ахмети во Атина на средба со Коѕиас

Лидерот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) Али Ахмети денеска во Атина ќе има средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека Ахмети и Коѕиас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, за отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија.

Ахмети ќе биде придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за Рамковен договор Муса Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.