-->
-->
Ахмети се сретна со Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност во Белата куќа
-->
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност во Белата куќа.
Како што соопшти ДУИ, Купчан е главен советник за Европа на претседателот на САД Барак Обама, а бил директор и за време на администрацијата на претседателот Бил Клинтон.
Ахмети и Купчан, според ДУИ, разговарале за ситуацијата во Македонија, судирот на интереси меѓу земјите со различни агенди, случувањата во регионот, како и за интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.
- Лидерот на ДУИ го запозна Капчан за последните политички случувања во Македонија, како и за посветеноста на партијата за враќање на мирот, стабилноста, безбедноста, и перспективите за евро-атланската интеграција како единствена алтернатива за земјата и регионот. Кризата во земјата може да се реши само преку сеопфатни, веродостојни и демократски избори, затоа Ахмети верува дека проценката на крајот на август во врска со исполнувањето на условите за одржување на изборите ќе биде позитивна. Приоритетна задача на владата по изборите ќе биде системски реформи, меѓуетничките односи, економскиот развој и решавањето на отворените прашања со соседите, што ќе овозможи непосредно вклучување во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија, се вели во соопштението од ДУИ.
Ахмети и Купчан разговарале и на други теми, меѓу кои и за спроведувањето на Охридскиот договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание