Македонија
17. January 2022 - 12:43

Ахмети постави венец по повод годишнина на смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ)  Али Ахмети, придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери, министри, пратеници и градоначалници, на плоштадот Скендербег во Скопје, постави венец по повод годишнина од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег.

Тој посочи дека, исто така ја одбележуваат и „40-годишнината од формирањето на народното движење кое без прекин 20 години по ред успева да ја реализира големата кауза на Албанците во поранешна Југославија“. 

– Во склоп на таа организација, на сите сили за поддршка на легалните движења кои беа формирани по 90-тите, успеаја да ја мобилизираат и организираат Ослободителната војска на Косово, а потоа и Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац и денес како резултат на таа организација во континуитет од Адем Демачи, Рифат Бериша, Фазли Грајчевци се постигна ние денес да ги заживееме тие идеали, да ги унапредиме тие идеали, дека нашата држава и нашите земји каде живеат албанците достоинствено за да се ангажираат и да влезат и во НАТО и во Европската Унија, истакна Ахмети.

Тој потенцираше дека причината и тогаш и денес е луѓето да живеат во добро, еднакво и просперитетно соседство во сите области.

– Така што за нас оваа кауза е незапирлива и за оваа кауза сме целосно посветени. Ви благодарам многу за сеќавањето по повод годишнината на смртта Скендербег и за 40-годишнината од формирањето на организацијата на нашето албанско движење, нагласи Ахмети.