Македонија
17. February 2019 - 13:17

Ахмети ја честиташе независноста на Косово

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја честиташе 11-годишнината од независноста на Република Косово која, како што вели, е најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста.
 
-Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово. Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес посакува да го види ова наше заедно достигнување, Косово, членка на ООН, НАТО и ЕУ, со развиено добрососедство и во благосостојба, напиша Ахмети во честитката.