Ахмети: Изборите да бидат кредибилни, да нема притисок и заплашување кон гласачите

Ситуацијата во земјата и во регионот, изборите кои ќе се одржат на 5 јуни, како и договорот постигнат на 2 јуни и анексот на 15 јули, но и активностите и ангажманот на Република Македонија за Самитот на НАТО во Варшава во јули годинава, биле темите на кои денеска во Амбасадата на САД разговарале претседателот на ДУИ Али Ахмети и заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Брајан Хојт Ји.
- Се согласивме дека овие избори мора да бидат кредибилни, да не бидат оспорени од ниту една страна, да ги исполнат сите стандарди и да не бидат оспорени ниту локално, ниту меѓународно. Разговаравме и за чекорите кои Македонија ќе треба да ги преземе во правец на ангажманите што ни претстојат за Самитот на НАТО во јули за да имаме поголеми очекувања, изјави по средбата Ахмети.
Тој истакна дека не било разговарано околу повторно поместување на изборите, туку за исполнување на задачите од страна на сите институции како што се политичките партии, ДИК и други, изборите да бидат кредибилни, а политичките партии, подвлече, да си ја работат својата работа, да нема притисок и заплашување кон гласачите.
На новинарско прашање дали очекува кредибилни избори, Ахмети рече дека смета дека овие избори ќе бидат најмониторирани избори во Република Македонија од нејзината независност.
Прашан дали треба да се исполнат сите услови вклучувајќи го и договорот за медиумите, Ахмети нагласи дека се разговара околу многу прашања, а САД, како што рече, беа и остануваат наши пријатели - помагаа во минатото, помагаат и сега.
За тоа дали ќе се појави и кој е неговиот став за тоа што е повикан денеска во СЈО во врска со случајот „Космос“, Ахмети одговори дека за тоа „ќе разговара таму“..
Прашан дали протестите најавени од ДУИ за денеска можат да ја влошат безбедносната состојба во државата, лидерот на оваа партија Ахмети потенцира дека столб на демократијата се протестите.
Ново на Сител
-

Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата
-

Премиерот Мицкоски телефонски со Срдановиќ: „Верувам дека добрите меѓудржавни односи ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
