Ахмети ги повика Албанците од дијаспората да се вратат да гласаат на 31 октомври
Со фотографија на која е самиот со вкрстени раце, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика Албанците од дијаспората да дојдат на 31 октомври и да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник, Фатмир Дехари. Вели дека еден од нивните најголеми предизвици било враќањето на Кичево во нивни раце и бара да не се дозволило историјата да се врати назад.
„Почитувани кичевчани, драги наши во дијаспората, ве повикувам како ваш син, како ваш брат, како еден од вас, загрижен за судбината на нашиот роден град. Апелирам да покажеме и демонстрираме дека сме обединети на 31 октомври. Преку овие редови ве повикувам уште еднаш да се собереме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома“, вели Ахмети.
Инаку во Кичево во првиот круг, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои односно 38,4 отсто од гласовите, а Дехари 37,3 отсто и тие се борат во вториот круг.
Трет на листата беше Фатмир Лимани, независниот кандидат кој инаку е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Лимани освоил 4.527 гласа или 19,76 отсто од гласовите.
Ова значи дека во вториот круг пресудни за победникот ќе бидат неговите гласачи.
Внукот на Ахмети, Лимани, одлучи на овие избори да поднесе независна кандидатура. Тој е професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ. Дехари пак е актуелен градоначалник на Кичево. Лимани изјави тогаш дека причините поради кои ќе се кандидира како независен се поради неуспесите на ДУИ, а особено на актуелниот градоначалник Дехари.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција