-->
-->
Ахмети ги покани на средба лидерите на албанските партии
-->

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги поканил на заедничка средба лидерите на сите албански партии во Македонија.
Од ДУИ за МИА потврдија дека средбата треба да се одржи утре во 13 часот во Скопје, а покани се испратени до сите албански партии, без исклучок.
Се очекува да се разговара за политичката состојба во Македонија по превремените парламентарни избори на 11 декември.
Засега нема потврда од поканетите партии дали ќе одат на средбата со Ахмети. Се огласи само Беса, од каде велат дека партиското претседателството вечер на состанок ќе одлучи дали ќе ја прифатат поканата од лидерот на ДУИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
