Ахмети: Државните интереси да се стават пред партиските
Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека денешниот ден е многу значаен за Македонија и оти сите политички партии треба да ги стават интересите на државата пред партиските.
- Сметам дека денеска е многу значаен ден за Република Македонија. ДУИ ги има дадено своите предлози за решавање на кризата. Јас сметам дека не би било во полза на решението ако сега ги претставам пред вас сите опции, изјави лидерот на ДУИ по средбата со еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан.
Додаде дека разговорите ќе продолжат и со другите политички партии во текот на денот и потенцира дека најважен момент е денеска сите политичи партии да се надминат себеси и државните интереси да ги стават пред партиските.
Хан претпладнето во ЕУ Инфо центарот освен со Ахмети се сретна и со лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, попладнево во резиденцијата на ЕУ во Пржино имаат средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Се очекува Хан и европратениците да се сретнат и со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Според најавата од Европската комисија, по поединечните средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, треба да се одржи и заедничка лидерска средба.
За доцна попладне е најавена прес-конференција на која еврокомесарот Хан ќе ги соопшти резултатите од разговорите со партските лидери за надминување на политичката криза.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица