Ахциоглу: Не е предавство да ги сакаш земјите на другите
Не е предавство да ги сакаш земјите на другите, ѝ одговори министерката за труд и социјала на Грција, Ефи Ахциоглу на жена која ѝ дофрли дека „Македонија е грчка“ и „предавството нема да помине“.
На партискиот настан организиран од СИРИЗА во Солун, на кој одржа говор за работничките права, Ахциоглу даде изјава за медиумите и беше вербално нападната од една жена, додека одговараше на новинарско прашање поврзано со реакциите во Солун и Северна Грција поради Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
-Не гледам нешто такво денес. Се наоѓам во Солун, во срцето на Солун, рече грчката министерка за труд кога ја прекина една жена и ѝ дофрли дека наскоро ќе ги види реакциите.
-Македонија е грчка. Една е и грчка. Предавството нема да помине. Вистинските Македонци ќе се одмаздат. Македонија ќе се одмазди. Срам да ви е. Вие сте предавници, довикуваше жената.
-Не е предавство да ги сакаш земјите на другите. Не е предавство да не ги мразиш земјите на другите, смирено одговори Ахциоглу.
-Договорот од Преспа веќе им овозможува на двете земји да соработуваат за стабилност и заедничкиот развој, во регион кој скапо ги плати иредентизмот и национализмот, рекла Ахциоглу, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Воедно, упати критики до опозициската Нова демократија дека во македонското прашање „го допре дното и се идентификуваше до радикалната десница“.
-Граѓаните на оваа земја, граѓаните од Северна Грција, колку повеќе се информираат, толку повеќе ќе ја отфрлаат оваа радикална, екстремно десничарска линија на Нова демократија, истакнала министерката за труд на Грција, според АНА-МПА.
Паралелно со партискиот настан организиран од СИРИЗА, се одржа и протест против Договорот од Преспа кога се собра помала група граѓани кои со грчки знамиња извикуваа слогани дека Македонија е грчка.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица