„Ах, љубов моја“ најдобар филм на Интернационалниот фестивал во Урошевац
„Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и продукција на „Авард филм и видео“ доби награда за најдобар филм на петтото издание на Интернационалниот филмски фестивал во Урошевац, Косово, што се одржа од 2 до 6 септември.
- На овој фестивал, покрај филмот на Коле Ангеловски, награди добија уште два македонски филма. За најдобар краток филм беше прогласен „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимоска, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Кружно патување на Марето“ на Жарко Ивановски, информираат од продукцијата „Авард филм и видео“.
По премиерата на Скопскиот филмски фестивал, филмската комедија „Ах, љубов моја“ беше прикажана и на „Балкан филм енд фуд Фестивал“, во Поградец, Албанија, како и на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, Босна и Херцеговина.
Во наредниот период филмот ќе биде прикажан и на Македонскиот филмски фестивал во Канада и на Македонскиот филмски фестивал во Австралија, соопштуваат од продукцијата „Авард филм и видео“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари