Фудбал
3. February 2017 - 14:56

Агверо од Сити во Мадрид или Милано

Најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Мадрид или Милано, пренесуваат англиските медиуми.
 
Медиумите во Англија, во петокот, објавија дека Серхио Кун Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити, бидејќи полека ја губи довербата кај менаџерот на тимот Пеп Гвардиола.
 
Гвардиола, исто така, не бил задоволен од однесувањето на Аргентинецот, кога соопштил дека на мечот кој се одигра во средата, а во кој Сити го совлада Вест хем 4:0, дека стартер во нападот ќе биде младиот Габриел Жесус.
 
Како можни дестинации на Агуеро се споменуваат Мадрид и Милано, односно Реал и Интер, кои наводно биле подготвени за Аргентинецот да плата 80 милиони евра.