Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител

Државниот правобранител на Република Северна Македонија Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Од Владата бара да ја прифати оставката на наредната владина седница и согласно Законот за дражвно правобранителство најдоцна во рок од седум дена од престанокот на вршење на функцијата, да биде именуван за државен правобранител со седиште за подрачјето на Охрид, од каде бил именуван пред стапување на функцијата.
Речи со одлука на Владата, од 18.04.2023 година беше именуван за државен правобранител. Претходно ја врши функцијата државен правобранител за подрачјето на Охрид, каде е именуван со одлука на Влада од ноември 2020 година.
- Оваа оставка ја поднесувам од лични причини, од кои најдоминантно влијание врз ваквото мое одлучување имаше околноста што сум фамилијарна личност, со оформено семејство кое не живее во градот каде што ја обавував функцијата. Одвоениот живот од семејството го инсинуира овој формален чин на напуштање на функцијата од моја страна. При потполно чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого поднесувам неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител на РСМ, поради лични причини, се вели во оставката на Речи.
Од денот на моето именување, се до овој момент, Речи нагласува дека достоинствено се соочил со сите предизвици кои се појавиле во поглед на правната заштита на имотните права и интереси на државата, преку редовно преземање на соодветни мерки и правни средства, вршејќи ги своите надлежности.
- Државното правобранителство, вклучувајќи ме мене како носител на шефовската функција, чесно и доблесно ги извршуваше своите законски овластувања и обврски во поглед на застапување на државните и јавните органи во РСМ, без во ниту една ситуација да наоѓа алтернативи и механизми за избегнување на одговорностите, стои во оставката до Владата.
Како државен правобранител согласно своите законски ингеренции, Речи посочува дека до Владата поднел предлог за разрешување на двајца правобранители, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, кој бил прифатен како основан и тие се разрешени, но и нагласува дека за уште едно такво барање, за државен правобранител од подрачјето на Скопје, се уште нема одлука, иако како што појаснува предлогот е доставен до поранешниот владин состав од чија страна не е постапено, меѓутоа ниту новиот состав на Владата се уште на одлучено. За дејствијата на кои се однесува предлогот, нагласува Речи, се води истражна постапка пред Основното јавно обвинителство.
- Не постапувањето на Владата фрла сомнеж врз околноста дали власта ќе се бори против криминалните дејствија, кои беа особено нагласуваан и истакнувани како приоритетен проблем во македонското правосудство од страна на актуелниот премиер или пак таквата флоскула беше употребена само заради набивање на политички поени во предизборна кампања, вели Речи во оставката.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
-

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување
-

Во автомобил управуван од 21-годишник и малолетен сопатник пронајден пиштол
