Македонија
3. December 2025 - 12:13

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица

Лицата со попреченост се активен дел од заедницата и имаат способност да придонесуваат доколку им се овозможи соодветна поддршка. Ова го порачаа од Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ,,Вера,, од Струмица, кои со низа активности го одбележуваат 3 Декември ,  Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Од здружението велат дека  иако состојбите полека се менуваат, во општеството се уште постојат предрасуди кои треба заеднички да се надминат.

Една од активностите што имаат за цел да ја подигнат јавната свест е хуманитарната модна ревија ,,Убави сме, свои сме,, во организација на Здружението ,,Вера,, . Манифестацијата се одржува веќе девет години и обединува лица со попреченост од цела Македонија и јавни личности кои заедно настапуваат на модната писта. Пораката што ја испраќаат е со вистинска поддршка, лицата со попреченост можат, умеат и заслужуваат еднакво место во општеството.