-->
-->
Агиеро: Сити ќе реши дали останувам или не
-->
Најдобриот стрелец на Манчестер Сити Серхио Агуеро не ја отфрли можноста на крајот на сезоната да го напушти клубот, незадоволен од минутажата што ја добива во последно време.
Аргентинецот втор последователен меч остана на клупата за резерви.
- Во следните три месеци ќе се трудам да им помогнам на клубот, а потоа Сити ќе одлучи дали има простор за мене или не. Сакам да останам, договорот ми трае три години и среќен сум. Сепак ќе видиме на крајот на сезоната, што ќе биде да се случи, изјави Агуеро за БиБиСи.
Агуеро летото го продолжи договорот со Манчестер Сити за кого оваа сезона со 18 гола е најефикасен, но се шпекулира дека е во „тивка војна" со менаџерот Пеп Гвардиола.
Тој е трет најдобар стрелец на клубот, досега постигна вкупно 154 гола, вклучувајќи го и фамозниот од 2012 година за титулата во судиското продолжение против Квинс Парк Ренџерс во последното коло од Премиер лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал