Агенцијата за туризам со најдобар промотивен материјал на Саем во Крагуевац
Во конкуренција од 20 државни организации, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија освои прво место за дизајн на промотивен материјал за туризам.
Шумадискиот саем за туризам и селски туризам во Крагуевац, Србија, по осми пат избра победници во пет категории: Шумадиски чај (ракија), најдобар промотивен материјал, најуспешна промоција, најубаво проектиран штанд и најголем придонес за развој на туризмот на територијата на град Крагуевац.
Од Агенцијата информираат дека, комисијата на шумадискиот саем и град Крагуевац го додели третото место за најдобар промотивен материјал на туристичката организација на град Ниш, додека второто место припадна на туристичката организација на Херцег Нови.
Пропагандниот материјал со кој Агенцијата за туризам го промовира туристичкиот потенцијал на земјава е составен од шест брошури кои се меѓусебно поврзани и ги објаснуваат туристичките потенцијали на Македонија. - Со изобилство на информации преку брошурите допир, поглед, вкус, слух, инстинкт и мирис, Агенцијата за туризам ги комуницира сите сетилата кои човекот ги поседува, а може да ги задоволи доколку дојде да ја посети Република Македонија, наведуваат од Агенцијата.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка