Агенцијата за филм на Синепосиум 2015 во Барселона

Агенцијата за филм на Република Македонија во периодот од 24-ти до 26 септември ќе присуствува на симпозиумот AFCI Cineposium 2015 кој се одржува во Барселона, Шпанија и ќе ја промовира Република Македонија како дестинација за снимање филмови.
Покрај тоа, ќе размени и искуства со филмските комисии од целиот свет со цел развивање на системот и механизмите кои со новиот закон за филмска дејност се имплементираат од 2014 година.
Овогодишната тема на овој настан, како што информираат од Агенцијата, е посветена на филмски туризам, бидејќи, согласно анализите направени од експертите во оваа дејност, се утврдува дека филмските комисии денес се натпреваруваат за светска филмска индустрија во вредност од повеќе од 88,3 милијарди долари, додека приходите од туризмот меѓународно се зголемија за над 1 трилијарда долари.
Според истата анализа, утврдено е дека над 1 милијарда луѓе патуваат на меѓународно ниво во различни земји за задоволство секоја година, додека секој петти турист е мотивиран од филмови или ТВ-програми. Како најистакнат пример е популарноста на франшизата на филмот „Хобит“ што се снимаше во Нов Зеланд, што ги зголеми туристичките посети во 2014 на оваа земја за над 3.155.000.000 долари, а кои во 2013 година изнесуваа 7.000.000 долари.
- Агенцијата за филм на Република Македонија со поддршка на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во овој период работи интензивно на промоција на Република Македонија како дестинација за снимање филмови, врши промоција на природните и човечките капацитети со кои располага нашата земја како и промоција на продукциските и пост-продукциските компании и нивните капацитети со цел привлекување на странски продукции да снимаат на нашата територија, како и развој на филмската дејност во земјата, велат од Агенцијата.
Како резултат на оваа промоција, додаваат, е снимањето на францускиот филм „А фонд“ во режија на Николас Бенаму кој започна со своето снимање во септември во Македонија, а минатата седмица во Македонија престојуваа шест високи претставници од големите студија Warner Brothers, Walt Disney, како и Entertainment Partners кои беа запознаени со нашите најубави локации и природни убавини, економските стимуланси и продукциските олеснувања кои нашата земја ги нуди како и запознавање со компании кои нудат продукциски и пост-продукциски услуги во нашата земја.
Годинава Агенцијата за филм на Република Македонија стана член на Асоцијацијата на меѓународни филмски комесари -The Association of Film Commissioneres International (AFCI).
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
