Агенцијата Фич ја зголеми оценката за долгот на Грција
Рејтинг агенцијата Фич ја зголеми оценката за грчкиот долг, сметајќи на олеснување на долгот оваа година и предвиде економски раст. Оценката преминува од Б минус на Б, со поволна перспектива.
Агенцијата Фич објави дека има општо подобрување во целокупната економска состојба на Грција и одржлив раст на БДП, како и намалени ризици за грчката политика. Агенцијата, исто така, ги истакнува реформите што ги усвои Грција.
Фич очекува дека Еврогрупата ќе обезбеди значително олеснување на грчкиот долг во 2018 година Минатата недела Франција оцени дека Грција е во состојба да излезе од кризата во август и да добие од Европејците мерки за олеснување на долгот.
Земјата се подготвува за целосно враќање на пазарите оваа година. Минатата недела Грција објави нови седумгодишни обврзници, кои, според Фич, беа успешна операција.
ЕК предвидува дека грчката економија ќе порасне за 2,5 отсто во 2018 година и во 2019 година, по неколкугодишна рецесија.
На 19 јануари, Агенцијата на Стандард и пурс го зголеми рејтингот на Грција од Б минус на Б.
Ново на Сител
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот