Агенција од Полска нуди за 10 евра да каже се што е непријатно наместо тебе

Полјаци кои имаат трема или оние кои настојуваат да избегнат да соопштат некому нешто во непријатни животни ситуации – развод на брак или прекинување врска со момче/девојка – сега веќе не мораат бидејќи за 10 евра тоа за нив ќе го направи агенцијата „Наместо тебе“ (ZaCiebe.com).
- Мачни разговори не можат да се избегнат – дозволи ни нам тоа да го направиме наместо тебе, е рекламата на агенцијата од Жесов од југ во Полска.
– Можеби звучи како парола, но човекот е на прво место. Квалитетот на соопштувањето и услугата мора да биде на највисоко ниво, изјави Аркадиуш Ковал, сопственик на агенцијата.
За осмислување нарачано соопштение, „Наместо тебе“ ангажира психолог. Ковал верува дека новата услуга ќе има голем успех на пазарот. Во агенцијата работат шест луѓе.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
