АФПЗР: Рокот за субвенции за млеко до денеска и од 25 до 30 јуни
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
До денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни завршува и рокот за поднесување барања за субвенции за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од јануари до април. Висината на субвенцијата е 100 денари, а барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата и потребната документација може да подигне во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk.
Од Агенцијата потсетуваат дека рокот за поднесување барање за мерките по површина и грло добиток завршува на 30 јуни.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција