АФП - Македонија декади долг спор за името

Агенцијата АФП објави моменти од хронологијата на спорот меѓу Република Македонија и Грција за името.
- Несогласувањето е откако Македонија прогласи независност од Југославија во 1991 година и нејзиното признавање е блокирано од Грција заради името. Освен што Грција тврди дека тоа име е дел од нејзиното наследство, Грција има провинција што се граничи со новата држава и стравува дека Скопје крие територијални амбиции.
- Во 1992 година повеќе од милион Грци протестираа во Солун скандирајќи „Македонија е грчка“.
- Со името Поранешна Југословенска Република Македонија, државата во 1993 година станува членка на ОН.
- Повеќето други држави меѓу кои и САД и Русија подоцна го признаваат уставното име на Македонија.
- Грција воведува економско ембарго за Македонија и не дозволува користење на пристаништето во Солун. Грција бара да се смени знамето на Македонија со ѕвездата од Вергина кое според Атина, е грчки симбол, како и делови од Уставот.
- Во септември 1995 година соседите потпишуваат во Њујорк договор за нормализација на трговските и политички односи, но останува спорот со името. Следниот месец отвораат канцеларии за врски во главните градови и новото знаме се издига за првпат пред ОН.
- Во 2005 година Македонија станува кандидат за член во ЕУ, но Грција блокира почеток на преговори.
- Во 2008 година Македонија се претставува како кандидат за членство во НАТО под временото име, но Грција става вето.
- Врските „потонуваат“ откако во Скопје во 2011 година на главниот плоштад е поставен споменик на Александар Велики. Атина смета дека тоа е обид да биде присвоен еден од нивните најголеми херои.
- По изборот за премиер во јуни 2017 година, Зоран Заев ветува нов бран за изнаоѓање решение за спорот и обнова на стремежот за членство во ЕУ и во НАТО.
- Најавен е оптимизам по преговорите под покровителство во ОН во јануари 2018 година.
- Десетици илјади луѓе протестираат во Солун тој месец и бараат „Македонија е грчка и тоа не е за преговарање“.
- Заев најавува отстранување на името Александар Велики од главниот аеродром и од автопат.
- Во почетокот на февруари тој изјави дека Македонија ќе вклучува и географска одредница во идното име.
- Предлозите што се објавени во медиуми се Горна Македонија, Севрна Македонија, Вардарска Македонија и Македонија – Скопје.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
