Афера со тајна аудио снимка на словенечкиот министер за надворешни работи во која го потценува премиерот

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец се пожали вчера дека медиумите се обидуваат да ја дестабилизираат Владата со објавување на аудио-снимка во која тој по изборите изразува недоверба во долгорочниот опстанок на влада предводена од премиерот Миро Церар, чиј втор најголем партнер сега е токму неговата Демократска партија на пензионерите (ДЕСУС).
Една телевизија и повеќе интернет страници вчера објавија аудио-снимка во која Ерјавец наведува дека владата на Церар би траела само една година. Станува збор за приватен разговор, кој е правен веднаш по предвремените избори во 2014 година, кога веќе се знаеле изборните резултати, но не и составот на новиот владин кабинет.
- Момци, мене не ме интересира дали ќе бидам повторно министер или не. На Церар му дадов до знаење дека нашата цена е висока. Всушност, неговата влада нема да потрае повеќе од една година... Ако не го добиеме своето, подобро ќе останам во опозиција или ќе чувам овци, изјавил Ерјавец на неформално дружење со пријателите на 14 јули 2014 година.
Според објавениот разговор, Ерјавец веројатно сметал дека Церар како премиер нема многу шанси за успех, бидејќи е неискусен во политиката, па затоа во коалицијата би имало несогласувања.
- Тоа е исто како мене да ме ставите да возам шлепер, сликовито се изразил Ерјавец за можностите Церар да издржи цел мандат на премиерската функција.
Некој го снимал разговорот, а сега е пуштен во јавност во неповолен момент, бидејќи, според тврдењата на медиумите, односите во коалицијата се ослабени, а рејтингот на Владата е многу низок.
- Разочаран сум од подметнување на тајни снимки и различни афери, но сигурен сум дека оваа Влада ќе оди напред и се ќе издржи, додаде шефот на словенечката дипломатија.
Покрај тоа, опозицијата поднесе интерпелација против Ерјавиц, за која ќе се гласа за три недели, а Церар ќе мора да се брани од обвинувања дека го штител министерот за финансии Душан Мрамор, кој примил околу 40.000 евра неоправдано исплатени додатоци за „дежурства“ како поранешен декан на Економскиот факултет.
Ново на Сител
-

Инфлација од 4.5 проценти во октомври
-

Кривична пријава против 40-годишна радовишанка, поради дојава за бомба во училиште во Радовиш
-

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
-

Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт, кажа Ѓорѓиевски
-

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“
-

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
-

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти
-

Директорот на Агенцијата за финансиска фатен како зема мито од 400 евра, финалната сума требало да биде 50.000 евра
