Афанасиев: ИД во Либија има над 6.000 борци

Повеќе од 6.000 борци од џихадистичката група Исламска држава се наоѓаат на територијата на Либија, изјави заменик-началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Сергеј Афанасиев.
- Бројот на припадниви на ИД на либиска територија веќе е над 6.000 борци. Тие веќе имаат база во северниот дел на земјата за проширување на влијанието врз континентот. Групата под контрола го има брегот во реонот на градот Сирт со должина од околу 250 километри, истакна Афанасиев на Петтата мосовска меѓународна конференција за безбедност.
Тој тврди дека екстремистите нема да дозволат обновување на државноста во Либија и оти се обидуваат да ги придобијат локланите племиња, како и да ги вовлечат во конфликт другите држави од регионот.
- Значителните финансиски ресурси им овозможија на ИД во Либија да придобие над 4.000 исламисти, не само Либијци, туку и државјани на Египет и на Тунис, посочи Афанасиев.
Тој додаде и дека во последните четири години повеќе од 800 џихадисти заминале во Германија.
- Се забележува тензична ситуација во регионите каде има исламска дијаспора како во Австрија, Белгија, Франција и други западноевропски држави, наведе Афанасиев.
Тој потенцира дека групите во централна Азија кои се поврзани со ИД бројат 4.500 луѓе.
- Лидерите на ИД во халифатот планираат да вклучат територии од низа држави од Југоистична Азија - Брунеи, Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд и Филипините, изтакна Афанасиеф.
Ново на Сител
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
