Аеродромот во Алепо оштетен во израелски воздушен напад
Во израелски воздушен напад рано утринава оштетен е аеродромот во Алепо и сега не е во функција, јавија сириските државни медиуми.
Повикувајќи се на воен извор, државната новинска агенција САНА објави дека Израел „извршил воздушен напад од правец на Средоземното Море, западно од Латакија, гаѓајќи го меѓународниот аеродром во Алепо“ и дека е направена материјална штета. Засега не е јасно дали има жртви.
Иако Израел во изминатите години стотици пати нападна делови од Сирија кои се под контрола на владата во Дамаск, вклучително и аеродромите во Дамаск и Алепо, земјата ретко презема одговорност.
Израел, сепак, потврди дека ги напаѓа базите на милициите поврзани со Иран, како што е либанскиот Хезболах, кој испрати илјадници борци да ги поддржат силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Алепо, кој претрпе големи разурнувања во сириската граѓанска војна, повторно беше тешко оштетен во смртоносниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.
Израелските воздушни напади на 19 февруари беа насочени кон станбени области во сирискиот главен град Дамаск, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени 15, јавуваат сириските државни медиуми.
На 2 јануари сириската армија објави дека израелската армија истрелала ракети кон меѓународниот аеродром во Дамаск. Во тој напад загинаа двајца војници, а аеродромот е оштетен и не е во функција. Израелските власти стравуваат дека аеродромот се користи за испорака на иранско оружје.
Ново на Сител
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје
-
И кажале дека има биткоини вредни 900.000 ден. но мора да има пари на сметка, измама во Куманово
-
Снегот ја парализира Западна Европа: Илјадници заглавени камиони и милионски штети
-
48 годишен кумановец физички нападнат од сопругата
-
Туск: Војната во Украина станува драматична и реално се заканува да стане глобална
-
Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија
-
Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху