Адвокатски тим: Решението за притвор на Јанакиевски има суштенствени проблеми и законски маани
Неосновано е решението за притвор на Миле Јанакиески , тврди неговата одбрана.
При донесувањето на одлуката, бил прекршен кривичниот законик оти советот на Основниот суд Скопје 1 кој одлучувал по барањето за притвор, не ги повикал обвинетите да дадат свој исказ.. Дополнително, одбраната тврди дека во решението не е наведено ниту за кое кривично дело се тие обвинети.. Наместо ова, се цитираат само членови од кривичниот законик, се жалеше одбраната.. Според одбраната, со одредувањето на притворот е прекршен и законот за кривична постапка.Сметаат дека во одредувањето на таквата мерка не требало да учестува судијата Огнен Ставрев кој е дел од судечкиот совет во предметот Титаник.
Јанакиески и Божиновски, заедно со своите адвокати во жалбите пред Апелација наведоа дека се сомневаат и во Службената белешка од УБК според која двајцата обвинети преку посредник побарале аменстија од претседателот на државата.. Велат дека документот на МВР е фингиран оти нема информации за тоа кога биле остварени средбите ниту дали судот и СЈО направиле проверка во Кабинетот на Иванов.. По вчерашната јавна седница по жалбите за притворот во Апелациониот Суд, се очекува денеска или утре судот да донесе одлука дали Јанакиевски и Божиновски ќе бидат ослободени од притвор.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце