Адвокатот Туфегџиќ бара куќен притвор за таткото на Вања
Осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и воедно нејзин татко Александар Ѓорчевска да оди во куќен притвор, наместо да биде во затворски притвор, ова го бара неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ.
Туфегџиќ за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.
Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, смета Туфегџиќ.
Бранителот Туфегџиќ побарал од обвинителот да го викне на распит Ѓорчевски, кој додека трае истрагата, нема дадено свој исказ и на распитот таткото на Вања да одговори како ги прибавил и кому ги дал снимките од надзорните камери низ центарот низ Скопје, што протекоа во јавноста, преку видеа на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари