Адвокатот со кого Палевски замина во Белград на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград, е на распит во полициска станица, потврдија за МИА од полицијата.
Стојков пред неколку дена во изјава за медиумите рече дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на лекарски прегледи и дека не знаел дека е осомничен за убиство.
Вчера Мнистерството за внатрешни работи соопшти дека во Турција е уапсен Палевски откако по него преку Интерпол беше распишана меѓународна потерница. Министерот за правда денеска го потпиша барањето за екстрадиција и откако ќе биде преведено на турски јазик веднаш ќе биде испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција.
Од турските власти е побарано Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство, покрај Палевски, се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
