Адвокатот на Палчо: Ме замоли да го однесам во Белград на преглед, се чувствувам злоупотребено
Адвокатот го однел Љупчо Палевски Палчо во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, кажал адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма.
„Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата праваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, објаснил адвокатот Стојков.
Стојков посочил дека имал добра намера да му помогне на Палчо и после сѐ се чувствува злоупотребено.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс