Адвокатот Андоновски прв македонски арбитар во Меѓународниот суд во Сoфија

Кумановецот Зоран Андоновски од неодамна е назначен за прв и засега единствен меѓународен арбитар од Македонија во Меѓународниот трговски арбитражен суд во Софија, Република Бугарија.
За Андоновски е предизвик да се прифати и да се реализира оваа функција. Како адвокат 90 проценти од неговото работење се однесувало на корпоративното управување со правните лица.
Меѓународната арбитража, според Андоновски, е неопходна алатка, за да се заштеди време и средства. Постапката пред меѓународната арбитража, објаснува, трае релативно кратко, а одлуката не подлежи ниту на редовни, ниту на вонредни правни лекови. Одлуката на Арбитражниот суд согласно Њујоршката конвенција, се потврдува на територијата на секоја земја која ја има потпишано и ратификувано, меѓу кои е и Република Македонија. Со изнесување на предметот пред Арбитражниот совет на судот, објаснува тој, арбитражниот совет за многу кус период донесува одлука
- Затоа сметам дека меѓународната арбитража допрва ќе заживее во Македонија, а страните се почесто ќе ја користат во свој интерес. За илустрација пред Софискиот арбитражен суд, постојат два вида на дела. Едните се со вредност до 12.500 евра во кои постапува арбитар поединец каде роковите се скратени и овие постапки релативно брзо се завршуваат без да го надминат интервалот од три месеци. Во останатите постапки во спорови над 12.500 евра, постапува Арбитражен совет од тројца арбитри, со можност едната страна да го именува едниот арбитер, другата страна другиот, а претседателот на Судот го именува третиот арбитер. Тие спорот го решаваат исклучиво на доказите кои ги доставиле странките, со можност и Судот да прибави докази доколку се неопходни за решавање на спорот. Меѓутоа и во овој случај ефикасноста на судот е на многу високо ниво, затоа што одлучувањето по поединечен предмет не смее да го надмине интервалот од шест месеци, од моментот кога тужителот ја има предадено тужбата до Арбитражниот суд, со обврска сите арбитражни такси и депозити од страна на страните - учесници во постапката да се платени на време, објасни Андоновски.
Тој се надева дека бизнис заедницата ќе ги согледа позитивните ефекти од арбитражата и ќе ја применува, бидејќи нагласи, меѓународната трговска арбитража како современ правен институт, е алатка која станува достапна во секое современо општество.
- Токму меѓународната трговска арбитража е тоа што е неопходно, како би можело брзо, едноставно и без поголеми оптоварувања и трошоци да се надминат ситуациите со кои се соочува конкретно стопанскиот сектор при извршувањето на своите редовни работи и работни задачи, изјави Андоновски.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
