Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд
Адријана Поп Арсова, членка на АК Делта, оваа година изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. Поп Арсова во неделата на маратонот во Ајнтховен, Холандија, постави нов македонски рекорд со резултат од 3:00:44 часа.
- Немав некои потешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21км ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км, и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа, истакна Поп Арсова.
Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча со време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција.
Поп Арсова го држи и македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10КМ, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10КМ.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години