Адмирал Ефтимов: Бугарија сака нејзини претставници во идниот вселнески центар на НАТО
На меѓународниот ден на авијацијата и космонаутиката, началникот на одбраната на Бугарија, адмирал Емил Ефтимов, соопшти дека НАТО треба да гради вселенски центар, а дописникот на МИА од Софија јавува дека амбиција на Бугарија е да има свои претставници во него.
Во моментов се изработува националната позиција на Бугарија за овој вселенски центар, при што се донесени документите што треба да ја пронајдат нивната практична примена во наставните програми на возобновената Висока школа за воздушни сили „Георги Бенковски“ во Долна Митрополија, во близина на градот Плевен.
Адмирал Ефтимов коментира дека во моментов се врши селекцијата и избор на кандидати за специјализираната обука, така што кога ќе се отвори вселенскиот центар на НАТО, Бугарија да има свое национално претставништво во него.
Началникот на бугарската одбрана коментира дека се вложуваат големи надежи за прифаќање и усвојување на авионите „Ф-16 блок 70“, со кои бугарската авијација всушност ќе влезе подготвена во 21 век.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Бугарија досега имала двајца свои космонаути Георги Иванов и Александар Александров, кои летале во 1979, односно 1988 година.
Ново на Сител
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
