Администрацијата на Трамп предлага големо намалување на даноците

Драстично намалување на даноците за малите и големмите корпорации предложи денеска американскиот претседател Доналд Трамп како дел од голем проект за кој неговата администрација тврди дека ќе поттикне економски раст и отворање нови работни места.
Потегот, како што јавуваат американски медиуми, ги вознемирил парламентарците кои се загрижени поради се поголемиот државен дефицит.
Со планот исто така би се намалиле даноците на инвестиции и недвижности. Сепак, адмминистрацијата најавува дека со дејствување во други клучни елементи на законот за даноците ќе и се помогне на средната класа, а не на богатите.
Белата куќа се уште не објави колкава „дупка“ би се отворила со намалувањето на даноците во буџетот.
– Имаме можност каква се појавува еднаш во генерација, да направиме нешто навистина големо, изјави Гари Кон, главен советник за економски прашања во Белата куќа.
Министерот за финансии Стивен Мнучин смета дека планот е да биде намалена највисоката корпоративна даночна стапка од 35 проценти на 15 проценти како што Трамп предложи во предизборната кампања минатата година.
Ново на Сител
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
