Администрацијата на Трамп планира преполовување на буџетот на Стејт департментот, велат медиумите
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира значително да го редуцира буџетот на Стејт департментот, покажуваат внатрешни документи за финансиско планирање до кои дојде агенцијата Ројтерс, пренесе БТА.
Редукцијата би достигнала речиси 30 милијарди долари во фискалната 2026 година, што би довело до затворање на приближно 30 дипломатски претставништва во странство и би ја намалило странската помош.
Планот, кој сѐ уште не е дефинитивен, предвидува затворање на барем 27 дипломатски мисии – претежно во Африка и Европа – од кои десет се амбасади, а останатите конзулати.
Според висок владин функционер, финалната верзија на буџетот ќе претрпи „мали промени“ пред да биде доставена на одобрување во Конгресот, каде што, според наводите, е извесно дека дел од финансиите ќе бидат обновени.
Овие редукции се случуваат во време кога администрацијата на Трамп, заедно со Канцеларијата за владина ефикасност на милијардерот Илон Маск, спроведува енергична реформа за намалување на федералната администрација, сечејќи милијарди долари и отпуштајќи илјадници службеници.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини