Администрацијата на Трамп планира преполовување на буџетот на Стејт департментот, велат медиумите
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира значително да го редуцира буџетот на Стејт департментот, покажуваат внатрешни документи за финансиско планирање до кои дојде агенцијата Ројтерс, пренесе БТА.
Редукцијата би достигнала речиси 30 милијарди долари во фискалната 2026 година, што би довело до затворање на приближно 30 дипломатски претставништва во странство и би ја намалило странската помош.
Планот, кој сѐ уште не е дефинитивен, предвидува затворање на барем 27 дипломатски мисии – претежно во Африка и Европа – од кои десет се амбасади, а останатите конзулати.
Според висок владин функционер, финалната верзија на буџетот ќе претрпи „мали промени“ пред да биде доставена на одобрување во Конгресот, каде што, според наводите, е извесно дека дел од финансиите ќе бидат обновени.
Овие редукции се случуваат во време кога администрацијата на Трамп, заедно со Канцеларијата за владина ефикасност на милијардерот Илон Маск, спроведува енергична реформа за намалување на федералната администрација, сечејќи милијарди долари и отпуштајќи илјадници службеници.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба