Администрацијата на Бајден загрижена Генералното собрание на ОН да не се претвори во ковид жариште
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е загрижена дека Генералното собрание на Обединетите нации може да стане ковид жариште, бидејќи, според одредени најави, како на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, може да се случи светските лидери кои доаѓаат во Њујорк да не ги почитуваат правилата за вакцинација.
Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, за Си-Би-Ес њуз изјави дека администрацијата е „загрижена за настанот во ОН што може да стане жариште и дека треба да се преземат сите мерки да се спречи состанокот на светските лидери да стане место за ширење на ковид-19 “.
За разлика од минатата година, кога пандемијата го направи виртуелен овој најголем годишен настан во ОН, овој пат политичките лидери можат да испратат видео порака, а, исто така, можат и лично да дојдат во Њјорк на сесија.
Повеќе од 100 претседатели, премиери и други политичари најавија дека ќе зборуваат во живо на седницата, а општата дебата ќе се одржи од 21 до 27 септември.
Бајден ќе зборува во Њујорк на 21 септември, а ќе биде придружуван од малку помал број претставници на Белата куќа од вообичаеното.
Претходно, властите во Њујорк со писмо до претседателот на Генералното собрание, Абдулах Шахид, побараа секој кој доаѓа во седиштето на ОН да мора да покаже доказ за вакцинација против коронавирусот.
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас